,,Учи од вчерашниот ден, живеј за денес, надевај се за утре. Важно е да не престанеш да се преиспитуваш“ – Алберт Ајнштајн
Со оваа порака ден по гласањето на пратеници од ВМРО ДПМНЕ за почеток на уставни измени, се огласи претседателот на оваа партија, Христијан Мицкоски, на својот ФБ профил.
Но, наместо поддршката што ја очекуваше, на социјалните мрежи Мицкоски доби канонада од негодување од неговите поддржувачи и сопартијци.
Ова се само дел од коментарите на ФБ профилот на Христијан Мицкоски
Незадоволството меѓу членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ е големо од развојот на ситуацијата, а и од лидерот на партијата. Многумина сметаат дека токму тој ги испуштил конците од раце и дека не е во состојба да ги ,,контролира“ пратениците.
Фракцијата на ВМРО ДПМНЕ, веќе побара негова оставка, а сѐ почесто се спомнува името на Сашо Мијалков како архитект на целата игра и на наводна смена на Христијан Мицкоски.