Македонија

Никовски: Богоевски призна дека извршил такво дело, реакција од надлежните органи мора да има

Не може да биде некој избран на висока функција, а тој да не подлежи на проверка, рече аналитичарот Ристо Никовски коментирајќи го случајот со пратеникот Павле Богоевски поврзан со телефонскиот разговор кој беше објавен на социјалните мрежи, а во кој се слуша како тој нарачува нароктик чија набавка во државава е нелегална.

Никовски посочи дека проверките се потребни и поради фактот што имало повеќе случаи во државава, наведувајќи го примерот на поранешниот градоначалник на Ново село кој беше вклучен во шверц и за што доби казна затвор од 18 месеци.

-Законот во Македонија се применува селективно. Тоа е најголемиот проблем во државава. Тоа е и главната забелешка што ја добива државава дека не се спроведува владеењето на правото на сите случаи подеднакво. Сега има конкретен случај и надлежните мора да реагираат. Станува збор за лице кое врши јавна функција, рече Никовски.

Според Никовски, без разлика за која јавна функција станува збор, избранато лице не смее да врши никакви нелегални дејства.

-Случајот е јасен, пратеникот и сам призна дека извршил такво дело, а тоа е нелегално. Оттука реакција од надлежните органи мора да има, посочи Никовски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток