Македонија

Се комплетира новиот кабинет на претседателот, Пендаровски има секојдневни работни средби, утре ќе се сретне со Џафери

Претседателот  Стево Пендаровски утре ќе се сретне  со претседателот на парламентот Талат Џафери. Оваа средба е значајна затоа што Пендаровски и Ахмети треба да разменат мислење за непотпишаните закони што на Пендаровски ги наследи од Иванов. На овие закони, покрај потписот на Џафери, треба да стои и потпис од шефот на државата.

Инаку како што е познато Пендаровски веднаш штом ја превзеде функцијата ги потпиша законите што беа донесени со двотретинско мнозинство и кои се дел од реформите во правосудството.

За оваа седмица новиот претседател  најави дека ќе потпише нова тура закони што беа донесени во трето читање откако Иванов ги врати еднаш кај пратениците.

Инаку веќе се комплетира новиот кабинет на претседателот. Дознаваме дека веќе се поставени кадровските основи на  претседателскиот кабинет.Генерален секретар на претседателската служба е досегашниот владин портпарол Миле Бошњаковски. Еден од посебните советници на Пендаровски ќе биде директорот на инсититутот Прогрес – Тоше Зафиров. Тој ќе го советува Пендаровски за внатрешна политика.

Што се однесува на односите со јавност на шефот на државата ќе ги води поранешната новинарка Катерина Цаневска. Професорот пак по вовед во право Александар Спасов ќе биде надворешен соработник за стручни, научни мислења и совети.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток