чет. Окт 17th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Скопски бизнисмен претепал газда на менувачница

Скопскиот бизнисмен Спиро Чорогунов, го претепал Бранко Петровски вчера, околу 13 часот во најстрогиот центар на Скопје, пишува Цивил медиа повикувајќи се на искази на очевидци.

Чорогунов е сопственик на хотелите „Александар Сквер“ и „Александар 2“ во центарот на Скопје, градежната фирма „Караорман“ и неколку други бизниси. Во најнепосредна близина на хотелот „Александар 2“ на Чорогунов се наоѓа малата менувачница на Петровски и неговото кафуле „Гарсон“, повеќе години познато како омилено собиралиште на млади уметници, новинари и граѓански активисти.

Чорогунов го извршил нападот врз Петровски во најнепосредна близина на хотелот „Александар 2“, изграден минатата година, откако претходно му го попречил патот и побарал од него да ја симне рекламата за неговата менувачница што таму е поставена пред 19 години.

Цивил медиа пишува дека Петровски мирно побарал од него да му дозволи да продолжи по патот, Чорогунов го нападнал со тупаници, го кутнал на земја и продолжил силно да го удира во пределот на лицето.

Последиците од овој напад се видливи, скршена вилица и тешка повреда на левото око на Петровски.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close