Македонија

„Макпетрол“ ја зголеми цената на горивата

Цените на нафтените деривати од ноќеска на полноќ на бензиските станици на „Макпетрол“ ќе се продаваат по повисоки цени. Зголемување, како што соопштуваат од компанијата, е поради зголемувањето на цената на нафтените деривати на светските берзи.

Како што соопштуваат од компанијата од ноќеска  Ултра 95 ќе се продава по цена од 72 денари за литар, Ултра 100 по 74 денари, Дизелот по 66 денари, Био дизелот 67 денари и екстра лесното по 54,50 денари.

Од компанијата претходно најавија дека тие ќе ги формираат малопродажните цени доколку тоа не го стори Регулаторната комисија за енергетика, која треба да ги одреди цените согласно новото законско решение кое веќе е донесено.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток