Македонија

Заев: Џамијата во Охрид е верска потреба, проблемот ќе се реши со дијалог

Алипашината џамија се гради и покрај реакциите на граѓаните и здруженијата, затоа што градежните зафати се одвиваат без соодветна документација за градба. Премиерот Зоран Заев, денеска изјави дека верува дека проблемот ќе се надмине низ дијалог .

Тој по денешната дебата за нацрт текстот на Националната стратегија за развој на коцептот за едно општество и мултикултурализам, истакна дека  ова е типичен пример на верска потреба која се јавува кај одредена група граѓани. Само заедно можеме да го решиме тоа. Ќе продолжиме да разговараме, истакна Премиерот додавајќи дека Охрид е пример на соживот, пример на „Едно општество за сите“.

Заев уште нагласи дека нема никакви ветувања. Ветувањата, истакна, беа да седнеме и низ разговор да го решиме овој проблем, истакна Премиерот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток