Коментари

Тасевски: Во време на Груевски не се изборивте за истополови бракови, а 70 посто околу него беа хомосексуалци

Актерот Сашо Тасевски на социјалните мрежи се изјасни за претстојната геј парада која ќе се одржи во Скопје.

„Вашата геј парада е обична пропаганда, кич и евтин уличен театар, еве зошто. Немате никаква потреба од неа, зашто во оваа власт имате многу од вашите. И хомо и би и обични поддржувачи. Само нив треба да ги притиснете и ќе добиете се. Нема потреба од парадирање. Никој од нас стрејтерите не ви пречи во тоа. Вашите се виновни, они играат дволично со вас. Или неко меѓу вама није ваш. Исто ви се случуваше и со претходната власт. Пола врхушка околу Груевски беа хомосексуалци, а вас ве шиканираа на улица нивните поданици. И кој е виновен? Како тоа во време на Груевски не се изборивте за истополови бракови, а 70 посто околу него беа хомосексуалци? Зошто до сега уште не ги добивте тие права, а знаеме колку моќни луѓе блиски на оваа власт се ваши“, пишува актерот Сашо Тасевски.

„Во тој случај, зошто парада? Глупо е, освен ако намерно не сакате да кревате прашина и да се курчите. Поубаво тропнете им на врата на тие меѓу вас што се на власт, наместо да се глупирате по улици. Така многу побрзо ќе ве разберат и прифатат и оние најтврдите. И уште нешто, кога ќе рипнете заедно не само за вашите права, , туку и за отсуството на правда во оваа држава, ќе видите како луѓето сами ќе ги бришат стигмите што ги фрлиле на вас. Ете, како хомофоб и кромањонец, мислам бев доволно јасен, да ме разберете“, додава тој.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top