Македонија

Киднапирале крадец кој ограбил казино – го однеле на Водно

Педесет и петгодишен скопјанец (М.Ш.) пријавил во полиција дека бил киднапиран од страна на две лица, со иницијали М.Н. и Ф.Ј.

Според пријавителот, тие имале договорена средба во слаткарница во врска со кражба што пријавителот ја извршил на 19 мај во казино, каде што работела М.Н. По тоа, со возило отишле на Водно, каде М.Н. и Ф.Ј. му ги врзале рацете со јаже и физички го нападнале. По половина час, според пријавата, го однеле во казиното, од каде лицето било приведено во врска со кривичното дело кражба.

Во Полициската станица Карпош, М.Ш. признал дека ја извршил кражбата, по што пријавил дека бил противправно лишен од слобода. Во Полициската станица Карпош бил приведен Ф.Ј.(35) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на М.Н. и за целосно расчистување на случајот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток