Коментари

Кекеновски до Димитриев: Немој со така евтини и проsирни финти

Професорот, Јове Кекеновски, му порача на пратеникот и поранешен премиер, Емил Димитриев, дека има право да гласа за одземање на мандатот на осудениот екс премиер, Никола Груевски.

Димитриев вчера изјави дека „не може да одземе нешто што не дал.“

Кеконовски му објасни на Димитриев дека гласал за мандатот при конституирање на Собранието.

Пратенику Димитриев отвори го Деловникот и прочитај ги членовите 11 – 19. По поминати толку години во извршната и законодавната власт белким не заборави дека постои Верификациона комисија која на почетокот на конституирањето на секој состав на Собранието го верификува мандатот на секој пратеник.
Со самото твое гласање (како пратеник) за Извештајот на Верификационата комисија и ти си учесник во давањето мандат на дотичниот.
Драг Димитриев немој со така евтини и проsирни финти“, му порача Кекеновски на Димитриев.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток