Скопје

24 часа МВР во Скопје: Се вози брзо, без возачка дозвола, нерегистрирани автомобили, не се почитуваат правила

Во текот на изминатиот ден  на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 14 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди а шест лица се здобиле со лесни телесни повреди. Од преземените мерки констатирано е дека 37 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, додека пак од сообраќај се исклучени 32 возачи затоа што 30 од нив управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило а двајца биле возачи почетници.

Исто така, од сообраќај се исклучени и 18 возила бидејќи биле нерегистрирани. Во делот на санкциите, санкционирани се 12 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца поради недавање првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, еден возач – поради неправилно престројување, осумина поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и уште 15 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците, санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Покрај ова, во текот на изминатиот ден издадени се 97 мандатни платни налози и 59 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток