Македонија

Владите на Македонија и Црна Гора ќе ја одржат првата заедничка меѓувладина седница

Владите на Македонија и на Црна Гора денеска во Подгорица ќе ја одржат првата заедничка меѓувладина седница, на која се очекува да бидат разгледани повеќе информации за развивање и продлабочување на идната соработка, а воедно треба да бидат потпишани повеќе договори и меморандуми за соработка од областа на внатрешните работи, заштитата на животната средина и здравството.

Како што соопштија од македонската влада, во делегацијата предводена од премиерот Зоран Заев се и вицепремиерите Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Кочо Анѓушев, министерот за земјоделство Љупчо Николовски, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески…

Премиерот Заев на вчерашната средба го запознал црнгорскиот колега Душко Марковиќ со актуелната политичка ситуација во земјава, која, спроед владата, со успешно спроведените избори за претседател на државата и со темпото на реформските процеси го очекува одобрувањето на стартот отворањето на преговорите по поглавја од Европската Комисија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток