Македонија

Честитка од Џафери за Денот на сесловенските просветители

Дозволете ми од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, да Ви го честитам денешниот празник – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

Денешниот ден се празнува за да се искаже почит кон делото на словенските просветители кои историјата ги запиша како основоположници на словенската книжевност и писменост. Нивната работа е капитално дело во развојот на словенската култура и описменувањето, тие го дале дарот на зборот и писмото и тоа ги прави повеќе од достојни за прослава на нивното име и дело. Нивниот придонес е и придонес во светската култура.

Како претседател на Собранието, горд сум што во законодавниот дом имаме голема почит кон различните култури и религии, уверени дека тие се само дополнителна вредност во ова општество. Да продолжиме заедно на овој пат, негувајќи го ова богатството.

Дозволете уште еднаш да Ви го честитам празникот – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и да посакам и патот на нашата земја да биде светол како што е и нивното дело.

Нека е честит празникот!

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток