Македонија

Гевгеличанец пренесувал мигранти од Пакистан, едно лице приведено

На 23.05.2019 година околу 16,40 часот на автопатот А-1 Гевгелија-Велес, на исклучување кон Неготино, од страна на униформирани полициски службеници било забележано патничко моторно возило со струмички регистарски ознаки , управувано од Д.В. од Гевгелија, за кое постоеле сознанија дека во него се превезуваат мигранти.

Од возилото биле забележани како излегуваат пет мигранти , по што возачот го стартувал возилото и се исклучил на клучката кај Стоби, по што застанал. Совозачот во возилото Л.Б. (21) од Гевгелија е лишен од слобода, а петмината мигранти од Пакистан се сместени во Прифатен центар за странци во Скопје.

Известен е јавен обвинител.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток