Коментари

Ременски: Павле колега – „Нема правда, нема мир“

Пратеникот Павле Богоевски, кој е и претседател на собраниската Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања поднесе оставка, откако во јавноста се појави аудио-снимка, наводно снимена од таксист на која тој нарачува некаква нелегална супстанца, за која тврди дека е лек од канабис за болен член од неговото семејство.

Богоевски вчера на седницата за одземање на мандатот на Груевски кажа дека се одлучил да даде оставка и дека гласот за одземање на мандатот на Груевски ќе му биде последен глас.

На ова реагираше и Фросина Ременски од СДСМ:

„Павле Богоевски од секогаш бил храбар, одговорен и праведен човек, полн со љубов кон сите слободољубиви луѓе и спремен да се жртвува за да заштити вредност, живот и цел.
Цели 15 години, како најдобар студент од првата генерација студенти на Полициска Академија (Факултет за безбедност) го гледав како се развива и расте во стручњак за полиција и безбедност, непоколеблив борец за човековите права и маргинализираните групи и пред се Човек и вистински Другар!
Сите што го познаваат Павле можат да го потврдат ова, а ги има многу !
Но, јас како негов професор, другар и колега имам одговорност да кажам малку повеќе од тоа што тој, денес како лекција ни го одржа на сите нас.
Со Павле стоевме рамо до рамо кога насилниците од 27.04 не тепаа на галеријата во Прес центарот на Собранието. Но, тоа не беше само тепање на “Шарениот” (Павле) и на “Шиптарката” (Фросина)…, туку тепање заради пробивање на живиот ѕид со кој ги браневме нашите колешки, пратеничките од ДУИ кога тргнаа “да ги убиваат”!
Павле издржа машки, незаслужен ќотек, како што машки го издржа линчот, кој деновиве му го правеа “политичките моралисти”, за да изнудат оставка од Човекот што би ги бранел и нив, и би јадел ќотек, доколку било потребно!
Сакајќи да го направите мал и ништожен, со јавните прозивки, навредите и омразата го направивте поголем од сите нас !
Го направивте поголем, дури и од оние кои на кукавички начин му ја спакуваа “аферата” која не е ниту приближно опасна во споредба со нивната злобна и пакост, а да не зборуваме за злоделата што ги гледавме и ги гледаме !
Собранието губи борбен и посветен пратеник за интересите на граѓаните и редок познавач на стручните прашања за работата на полицијата и безбедносните служби.
Тој е силен поборник за расчистуваење со криминалците и подметнувачите во тие редови. За момент (можеби) тие “расчистија” со него, но никогаш нема да можат да расчистат со неговата (нашата) идеја и борба да создадеме општество и институции во кои неморалните и подли умови ќе елиминираат квалитетни луѓе и борци за правда !
Додека моралистите седеа дома, пред компјутер и пред телевизор да го видат “Шарениот” каква боја ќе фрли на фасадите ставеми со украдените пари од граѓаните по желба на азилантот Груевски, Павле и тогаш и сега се бори да ви ги отвори очите на сите кои ослепевте од големината на Груевски и оглувевте од заборавот за вистинскиот извор на злото и регресот на оваа земја !
Денес, додека истите моралисти го релативизираат и забораваат придонесот на Павле за нивната иднина и за иднината на нивните деца, Павле повторно им одржа лекција за тоа колку е библиски проклета оваа земја во која од злобни усти, лажни авторитети и верници делат лекции за морал и правда !
Но, не се радувајте предвреме за неговиот “пораз”, зошто тој “виновен” ве победи сите вас “невините и чесните”, и ве потсети дека, неговата слобода и борбеност ниту била, ниту може да биде роб на функција, човек или уцена.
Плашете се од такви луѓе и нивната идеја за којс ќе треба многу години да се чека пак, за да се роди пак некој нов Шарен Павле, кој ќе ве брани и ќе се бори за слободата која ќе ви даде право да ги линчувате !
Но, борбата меѓу доброто и злото е единствено библиско во оваа земја на лицемери и лажни херои!
Живели “моралисти” !
Павле колега – “НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР!”, напиша Ременски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток