Македонија

Александар Филиповски ќе го замени Богоевски

По оставката на Павле Богоевски од пратеничката функција, неговото место во Собранието ќе го добие  Александар Филиповски.

Откако ќе биде констатирана оставката на Богоевски, доаѓа следниот од листата  во првата изборна единица.

Филиповски е член на СДСМ и доаѓа од нивната општинската организација во Аеродром.

Павле Богоевски вчера си поднесе оставка поради скандалот со објавување на снимка во која тој наводно нарачува кокаин. Тој одлуката за оставка ја донел уште кога се самопријави во полициска станица за наводно купување на масло од канабис, а вчера ја изнесе во јавноста и пред пратенците на седницата на Комисијата за мандатно имутетни прашања каде требаше да се гласа за одземање на мандатот на пратеникот во бегство, Никола Груевски. Седницата беше прекината, а гласањето се одложи за од понеделник.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток