Македонија

Донев до Георгиески: Соберете храброст и започнете со рушење на дивоградбите

Охрид и крајбрежјето на охридското езеро станаа место за несоодветна градба и урбано развивање, нарушување и уништување на животната средина и неконтролиран урбан развој. Охрид стана синоним за дивоградби, изјави Сашо Донев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто локалната власт и Георгиески дозволија Охрид да биде на врвот на листата со дивоградби и зошто покрај рокот за легализација свесно дозволија да се изградат стотици дивоградби?
Дали тоа е фактурата за спроведениот изборен инженеринг?

Зарем УНЕСКО требаше да Ви каже дека бетонската база е изградена во населено место на стотина метри од Охридското Езеро и од болницата Св. Еразмо Охридски?

Но очигледно треба да Ви посочи некој дека оваа дивоградба е темпирана еколошка бомба и за езерото, и за животната средина и здравјето на граѓаните.

Градоначалникот конечно се одважни да почне со исполнување на препораките од пред две години кои требаше до сега сите да се реализирани, од она што е напишано во последната точка и последниот ред во извештајот на УНЕСКО, а тоа се палмите.

Се разбира, полесно е да се отстранат палмите отколку да се отстранат стотици диви градби од кои најголемиот број никнуваат токму последниве две години. За охриѓани, но и за туристите, ќе следат состаноци, одлуки, преговори и договори во врска со истите, но нема да следи и отстранување и конечно запирање со неконтролираното градење во Охрид.
За УНЕСКО ваквите претстави повеќе не поминуваат.

Господине Георгиески,

Соберете храброст како татко на градот, одважете се и започнете со рушење на дивоградбите како што тоа го сторивте со палмите, и престанете со замајување на јавноста.
Ако сте свесни за критиките на УНЕСКО, веднаш реагирајте“,вели Донев.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток