Македонија

Радио Слободна Европа: Отстранети клучни членови од законот за заштита на Охрид

Во Нацрт – законот за управување со природното и културно наследство во Охрид недостасуваат клучни одредби за надлежностите на градежниот инспекторат, велат учесници во работните групи. Законот се уште не е донесен, објави .slobodnaevropa.mk

Според Радио слободна Европа -Овие „клучни одредби“ биле дел од првичните верзии на Нацрт-законот но,  потоа на владини седници тој се разгледувал во изменета верзија во која тие членови се отстранети.

Законот меѓу другото требаше да овозможи власта полесно да ги спроведе препораките на УНЕСКО од 2017 година за итно воведување мораториум и суспендирање на легализација на дивоградби, како и да направи нови студии за досега направените штети од лошите политики за управување.

Но, во недостаток на регулатива и спротивно на препораките на УНЕСКО, општините во Охридскиот регион легализираа стотици дивоградби, а деновиве Комитетот за светско наследство на УНЕСКО предложи Охрид да биде ставен на листата „светско наследство во опасност“, препорака која е можно да биде усвоена следниот месец на 43-та сесија на Комитетот во Баку.

Во Охрид се одвива урбана и крајбрежна трансформација без никакви ограничувања, алармираат активистите посочувајќи дека трите општини Охрид, Струга и Дебарца ја игнорираат Комисијата за управување со светското и природно наследство, која е предвидена како филтер за неконтролираната урбанизација, со тоа што до неа стигнуваат само мал дел од големиот број решенија за легализација на дивоградби и урбанистички планови одобрени од општините.

Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток