Некатегоризирани

Кои се хероите кои спасија давеник од Вардар? Скопје 1 разговара со нив за оваа акција, но и за професијата припадник на АЛФИ

Што значи да си горд на својата професија? Што значи будно да ја следиш ситуацијат 24/7? Дали е лесно и кога си слободен да „работиш“? Што значи да дадеш заклетва дека секогаш ќе постапуваш по законите и ќе му помагаш и служиш на народот? На овие, но и на ред други прашања, одговор ни даде Горан С, припадник на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа“. Ова е момчето што без размислување, заедно со одговорниот старешина на групата Бетим В. неодамна спасија давеник од Реката Вардар. Горан за Скопје 1  раскажува за овој настан, но открива и други детали за својата професија.

Скопје 1:  Со интервенција на двајца припадници на специјалната единица „Алфи“, беше спасен возрасен маж од водите на Вардар во Скопје. Благодарение на вашата брза интервенција човекот беше извлечен. Може ли да ни ја објасните целата ситуција. Како дознавте? Како реагиравте?

Горан С: На ден 02.05.2019 околу 10:00 часот вршејки мотопатролна дејност со одговорниот старешина на групата Бетим В. на подрацјето на град Скопје потоцно на ул.Цветан Димов општина Чаир по радио врска од базата на СВР-Скопје јавија дека машко лице се фрлило од Камени мост во реката Вардар.Одговорниот веднаш по радио врска упати три тима од Алфите и јас Горан С. со одговорниот се упативме веднаш на лице место.Од наша страна беа користени звучни и светлосни сигнали поради густиот сообраќај во градот за да стигнеме што побрзо на местото на настанот.По секоја објава на базата на СВР-Скопје единицата Алфа одговара брзо и енергично..Од кога стигнавме на кејот на реката Вардар од насш страна беше забележано лицето како го носи струјата на реката Вардар во средина на коритото и истиот дека сеуште дава знаци за живот.Во тој момент одговорниот одлучи јас да влезам во реката Вардар бидејки ние од сите тимови на единицата Алфа први стигнавме на лице место.Веднаш ги соблеков алистата додека одговорниот ги координираше тимовите што доаѓаа према местото.Јас рипнав во реката Вардар погоре во течението од причина што водостојот во реката овој период е многу голем и брз.Пливајки се упатив према лицето во средина на коритото и од моја страна истиот беше фатен и задржан од мене за да не отиде надоле по течението и да се удави.За кратко време и одговорниот скокна во Вардар за да ми помогне да го извадиме заедно лицето.

Скопје 1:  Акцијата беше опасна и за вашите животи. Станува збор за река со вртлоци? Што беше најтешко, пробивањето во ладната вода или извлекувањето ?

Горан С: Да акцијата беше премногу опасна бидејки реката Вардар изобилува со многу јаки вртлози,струењето на водата во овој период е многу јако бидејки водостојот е голем и брз.А најопасно е што видливоста на водата е премногу мала, а на истиот потег се изведуваат градежни работи и неможеме да видиме на што ќе наидеме бидејки во водата има многу метални шипки,бетонски столбови и др.градежни материјали. Целата ситуација е премногу тесшка и не би знаеле на што би наишле во тој момент..И пробивањето и извлекувањето на лицето беа екстремно тешки во тој момент

Скопје 1:  Дали е точно дека човекот не сакал да биде спасен? Дали ова беше дополнителен проблем за вас?

Горан С: Да точно, човекот беше под голем стрес,небеше комуникативен,беше испаничен и изнемоштен и се обидуваше да се отргне од мене. Јас морав силно да го држам од причина што и ток се обидуваше, а и водата го повлекуваше бидејќи беше со алишта, а тоа беше уште потежок и поголем проблем за мене да го задржам. На смирен начин се обидував да комуницирам со него додека недојде мојот колега Бетим В.на помош за многу кратко време

Скопје 1:  Се сретнавте ли подоцна со човекот и со неговото семејство?

Горан С: Не,не се сретнавме, затоа што нашата акција заврши со извлекувањето. Одкако го извадовме човекот понатака рабоатата во свои раце ја преземаат другите служби. А лицето со брза помош беше однесено во Градска болница.

Горан раскажува дека единицата Алфи, постојано се соочуваат со слични ситуации. Тој објаснува дека секогаш треба точно да се знае како да им се пристапи на граѓаните, кои во моментот гледаат безизлезна ситуација. Но, сепак тој и колегите се најсреќни кога овие настани имаат среќен епилог.

Скопје 1: Сте имале ли слична спасувачка ситуација, немора во вода?

Горан С: Да,сме имале ситуација каде што машко лице во стан сакаше да си го одземе животот. Од наша страна со големи напори односно преговори успеавме да го убедиме и да ја отвори неговата врата која беше заклучена така да успеавме да спасиме уште еден човечки живот. Ова е една од многуте ситуации кои сме ги имале на терен.

Скопје 1:  Вие сте дел од специјалната единица Алфи. Обучени сте за справување со поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, борба против тероризам, надворешна и внатрешна одбрана, апсење на криминални банди…. Може ли малку поблиску да не запознаете со вашата работа, обуки, тренинзи? Влегува ли професијата што би се рекло „под кожа“?

Горан С: Професијата влегува под кожа знаејќи ги нашите обврски и предизвици што не чекаат во иднина, но за се тоа ние сме дале заклетва дека ќе постапуваме по законите и ќе му помагаме и служиме на народот.

Скопје 1: Горди ли сте на професијата?

Горан С: Горди сме на професијата но уште повеќе горди сме кога во вакви исклуцителни ситуации ќе направиме максимални напори да спасиме човечки животи.

Скопје 1:  Дали и вашата професија како и новинарската и докторската… и ред други, е една од оние кои немаат приватност, поточно каде и да сте внимавате на безбедноста на околината?

Горан С: Знаејки и постапувајки дали сме на работа или не, законот ни налага 24 часа да сме полицајци. Сме имале повеќе ситуации кога не сме биле на работа, а сме реагирале и постапувале по законот.

Скопје 1: Тешко ли беше или тешко ли е да се стане дел од оваа Специјална единица?

Горан С: Едницата Алфа со текот на годините се усовршуваше и во поново време има свои старешински кадар и инструктори кои се стручни да обучат кадри.Денес во единицата со доагање на новиот старешински кадар во единицата е задолжително да се помине 6 месечен селективен курс за да се стане припадник на единицата Алфа. Јас и колегата Бетим доагаме од двете најелитни единици во Македонија ЕБР и ЕСЗ каде сто сме поминале многу различни обуки и на некој начин ни е олеснителна околност да бидеме припадници на Алфа единицата.

Во продолжение видео од вежба на  специјалната единица Алфи. Обучени  за справување со поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, борба против тероризам, надворешна и внатрешна одбрана, апсење на криминални банди.

НОВИНАР: Татјана Караџова Маленкова

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток