Македонија

„Нефа мебел“ затвори преку ноќ, стотици купувачи останаа без платените нарачки

Купувачите останаа без својот нарачан мебел откако Српско-руската фирма за мебел „Нефа мебел“ ги затвори ненадејно салоните во Србија и Македонија, пишува СДК.

Стотици купувачи од двете земји останаа без можност да ги добијат однапред платените нарачки. Српските медиуми објавија дека компанијата „Спилит“ која всушност е производител на мебелот кој го продава Нефа пред два дена побегна од Врање и остави долгови и 300 работници без работа.

Нефа мебел во нашата држава има три продавници во Скопје – во Сити мол, Капитол Мол и ГТЦ, и во Велес, Гостивар, Прилеп, Битола, Тетово.

Како што пренесоа медиумите сите три продавници вчера попладнето затвориле.Купувачите кои биле во продавницата останале без информација  каде можат да го набават својот мебел.

Исто така, избришани се и српската и македонската веб страница и фејсбук страните.

„Бев во сите продавници, а и во скопскиот магацин, тој беше затворен, но продавачите немаат информации дали и кога ќе ни биде испорачан купениот мебел што го плативме со рок за испорака од 35 дена. Ни рекоа да дојдеме в понеделник, ама не верувам дека ќе отворат“, вели скопјанец кој не ја добил гарнитурата платена 20.000 денари.

Како што открива тој за СДК, повеќемина купувачи веќе го пријавиле случајот во Агенцијата за заштита на потрошувачите, но се уште не знае дали тоа ќе помогне да си ги добијат нарачките.

Целиот текст може да го прочитате ОВДЕ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток