Холивудската ѕвезда, Памела Андерсон, им се обрати на хрватските гласачи пред утрешниот изборен ден за пратеници од оваа земја во Европскиот Парламент.
Андерсон изјави дека е среќна што нејзиното обраќање предизвикало ,,мал политички земјотрес“ во Хрватска.
,,Можеби на Хрватска ѝ е потребен политички земјотрес, ако сака да ги спречи илјадниците луѓе да заминат од неа поради лошата економија“-напиша таа на Твитер.
Некогашната холивудска заводничка дава поддршка за хрватската лево-зелена платформа, на препорака на нејзин пријател од Хрватска.
,,Мојата порака би била: обрнете внимание на тие движења, поддржете ги децата, излезете од националистичкото минато“-порача Памела Андерсон.
Таа е активна во светската политика. Близок пријател е со дисидентот Џулијан Асанж и секогаш му дава јавна поддршка.