Некатегоризирани

Министерот Филипче демантира дека е на продолжен викенд! Бараме решение за момчето

Од како во медиумите и на социјалните мрежи се појави обвинување упатено кон министерот за здравство Венко Филипче дека тој бил на продолжен викенд и дека не се преземале мерки за траснпортирање на момчето во странство, министерот во телефонски разговор за Скопје 1, министерот тврди дека изнесените обвинувања се невистинити. Тој додава дека утрово е постојано во контакт со болници од Љубљана и дека до вој момент сеуште нема центар кој би го здижил момчето. Министерот додаде дека момчето е згружено во болница кај нас, но и дека потрагата по соодветен центар продолжува. Министерот вети дека ќе се направи се момчето да се транспортира и да се згрижи во најдобра клиника.

Утрово на социјалните мрежи се појави објава во која итно се бара хеликоптер кој би го пренел до Словенија, бидејќи министерот Филипче е на продолжен викенд и истиот не може да даде дозвола. „Дечки, потребен е итно хеликоптер за Словенија за дете кое има изгореници од 4 степен ( повеќе од 80% изгореници ) од струен удар на железничка пруга. Филипче е на продолжен викенд и не може да даде дозвола. Ако има некој да помогне како да се изведе тоа најитно за да се спаси животот на детето“, стои во објавата на Фејсбук. Како што појаснуваат повреденото лице движејќи се по пруга се качило на шинско возило за одржување на контактната мрежа (дрезина) која била оставена на електрифициран колосек и по доближувањето во опасна зона на контактнта мрежа се здобил со струен удар.

Во допис испратен до медиумите испратен од Одделението за односи со јавноста во Минситерството за здраветво се тврди дека министерот Филипче не е на викенд.

Во дописот стои:

Министерство за здравство, Фондот за здравствено осигурување и сите засегнати институции се на располагање и во моментов се подготвува медицинска документација и се организира превоз за момчето со изгореници како последица од струен удар, за да биде пренесено на лекување во странство. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче не е на продолжен викенд, туку уште од утринава ги пправи сите можни подготовки и координации со сите институции за да може детето да замине на лекување во странство. Замолуваме во интерес на вистината да не се шират лажни вести и дезинформации!

Со почит, Одделение за односи со јавност Министерство за здравство

Обвинувањата на адреса на министерот во јавноста ги испрати Јаворка Стојческа Јакимоска која упатуваше обвинувања и јавен АПЕЛ да се помогне, а истите се пренесени од повеќе медиуми.

Скопје1.мк изразува жалење и извинување до Министерот за здравство Венко Филипче поради пренесениот статус за АПЕЛ упатен до јавноста од Јаворка Стојческа Јакимоска за кој тој тврди дека не е точни и се погрешно обвинет во јавноста од споменатото лице.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток