Свет

Прво го убил таткото, па сопругата, на крај мајка и, а синовите гледале – детали за масакарот

37-годишниот Горан Јанковиќ изврши масакр во Нови Сад кога упадна во семејната куќа на својата сопруга, 32-годишната Мирјана Јанковиќ и ги уби нејзините родители и неа.

За трагедијата да биде помоголема, злосторството го гледале синовите на Горан и Мирјана, а постариот син успеал некако да дојде до телефон и да му се јави на вујко му за помош. За жал, било предоцна.

Вујкото Младен стигнал за неколку минути до семејната куќа, но додека чекорел во дворот забележал крв, а во домот го дочекала хорор сцена.

Полицијата претпоставува дека убиен бил прво таткото на Мирјана, потоа Мирјана и на крајот и нејзината мајка. Најужасно е што децата биле присутни. Кога упаднал дома, еден од синовите бил со мајката во соба, а другиот со бабата.

Бабата ја убил во дворот, додека телата на Бранислав и Мирјана биле пронајдени во куќата.

Сосетката вели дека последните зборови на бабата биле: „Зете, задоволен ли си сега“? и додала дека тие биле семејство за пример.

Горан инаку работел во вулканизер, а ако се суди според изгледот на нивниот дом, станува збор за имотно семејство.

Пријателите на семејството рекле дека Горан и Мирјана неколку пати се разделувале и смирувале,, затоа што тој бил насилен.

-Кога го роди првото дете, замина од него и некое време живееше кај родителите. Не ја оставаше на мира, ѝ се закануваше и ја молеше да му се врати, на крајот му се врати и повторно остана бремена. На нејзините маки немаше крај и неодамна повторно се врати кај нејзините – раскажал пријател на семејството, напоменувајќи дека Горан велел дека ќе ѝ го убие целото семејство.

Горан во моментов е во бегство, а полицијата ги блокирала сите излези од Нови Сад во потрага по осомничениот монструм.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток