Македонија

(ФОТО) Македонски автобус во Бугарија остана без покрив

Aвтобус остана без покрив утрово во Пловдив. Како што информира TrafficNews.bg, инцидентот се случил под мостот  на булеварот Марица-Југ.

За среќа, нема настрадани, бидејќи во автобусот се наоѓале само двајцата возачи, но е причинета серозна материјална штета. Покривот на автобусот буквално бил однесен. Полицијата излегла на терен. Движењето во областа не е нарушено.

“Инцидентот се случил околу 6:30 до 7:00 наутро. Имаше многу гласна бучава. Очигледно, возачот не ја оцени висината “, изјави Венко, кој работи во близина и бил сведок на несреќата.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток