Коментари

Ременски: Одлуките се донесени без грам суета

Потпретседателката на СДСМ Фросина Ременски, на вчерашната седница на ЦО на СДСМ беше разрешена од функцијата, па таа утрово ја искоментира одлуката.

„Мојата битка за слобода, правда, одговорност и еднаквост не започна со политичките или партиските функции, ниту пак ќе заврши без нив !

Битката за овие вредности на секој слободољубив и правдољубив човек започнува со самото негово раѓање, затоа што човек таков се раѓа и таков умира !

Предизвикот да се издржи на тој пат, колку и да е тежок и трнлив ја покажува вербата и посветеноста на тие идеи и цели, а не вербата во функциите !

Донесените одлуки се донесени, без грам суета, туку одлучно како што личи на луѓе со интегритет и визија за очекувањата !

Доаѓа време за испорака на мотото за кое се боревме и во кое верувавме сите ние, дека: “Одговорност мора да има” и “Никогаш да не се повтори!”.

Му благодарам на претседателот и заменикот претседател на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шеќеринска за довербата.

Борбата продолжува !“, напиша Ременски на Фејсбук.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток