Македонија

Шилегов: Разликувајте ги термините разрешен, сменет и дадена оставка

Би сакал да ги разликуваме термините разрешен, сменет и дадена оставка. Јас и другите потпретседатели на СДСМ ги дадовме нашите оставки уште во текот на минатат недела. Како луѓе покажавме политички интегритет со давањето на оставки, во политиката ништо не е лесно, логично е во еден даден момент да си отидеме. Ова го изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов по одлуките на Централниот одбор на СДСМ вчера.

Прво би сакал да ги разликуваме поимите разрешен, сменет и дадена оставка. Јас заеднно со другите другари, потпретседатели на СДСМ, во текот на минатата недела ги понудивме нашите оставки и вчера Централниот одбор ги прифати тие оставки. Второ, уште пред седницата на Централниот одбор вчера, јас истакнав дека наша задача како луѓе е победата којашто ја имаме на претседателските избори и да креираме внатрепартиски политики коишто ќе веривикуваат таква идна победа на парламентарните избори со цел во македонија конечно да го елиминираме простотилукот, примитивизмот фашизмот што го промовира ВМРО-ДПМНЕ во последните 15 години, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање на почетокот на реконструкцијата на булеварот „11 Октомври“.

Прашан дали ќе даде оставка од функцијата градоначалник на Скопје, тој рече дека оставка даваат луѓе со интегритет, а политички интегритет покажале сите кои дале оставка од партиската функција.

Во политиката ништо не е вечно, како дојдовме така е, логично, во еден даден момент да си отидеме. Ако добро ги следите, а би сакал добро да ги следите политиките кои ги креирав и стратегиите коишто ги креирав во изминатава една и пол година од како сум градоначалник, ќе видите и ќе знаете што сѐ Градот работи на изминатава година. Креирањето на тие политики и реализирањето на тие политики се нешто што допрва следува, рече Шилегов.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток