Српските медиуми пренесуваат дека наскоро би можело дококолку возите низ центарот на главниот град, Белград, да морате да платите.
Првите луѓе на Белград барајќи решение за секојдневните сообраќајни метежи на улиците на главниот град на Србија се одлучиле за решение кое веќе постои во многу светски метрополи како што се Лондон, Сингапур и други. Одделот за градски сообраќај објавил тендер за изработка на студија „Управување со сообраќајот во Белград преку модел на тарифирање за пристап до централната зона“, објави изданието „Вечерње новости“.
Тендерот ќе се отвори кон крајот на следниот месец.
