Македонија

Се поставува рампа за регулирање на сообраќајот и на влезот од Месокастро, стариот дел на Охрид „под клуч“

Стариот дел од Охрид, комплето ќе биде „заклучен“.  Попладнево се поставува рампа и за влез во Месокстро, а со тоа се затвораат сите премини за автомобили за стариот дел на Охрид. Минатата година се поставија рампи пред Горна Порта, но жителите на Охрид, но и познавачите на стариот дел го користеа влезот кај Месокастро, за да дојдат до саканата дестинација во Стариот дел.

Целта на локалната е со рампите да се регулира сообраќајот во Стариот дел но, потсетуваме дека наместо „фала“, од старите охриѓани добија искршени рампи, по што беше поставен и систем за снимање.

Инаку согласно летниот режим на сообраќај, забраната за движење на возила во стариот дел од градот,  минатата година освен за жителите од овој дел на Охрид, важеше и секој ден од 20 часот до 5 часот наутро. Сите специјални возила, Итната помош, Противпожарната служба и Полицијата, имаат картички за влегување во стариот дел од градот. Картичката не може да се користи додека возилото, кое преку рампата влегло во стариот дел од градот, не излезе.

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток