Македонија

Помирување нема да има ако бараат амнестија за Заев и неговото семејство, вели Николовски

Помирувањето го замислуваат на начин што сакаат да испреговараат со ВМРО-ДПМНЕ амнестија за Зоран Заев, неговото семејство и останатите во однос на гонење по криминалите што ги имаат правено во изминатиот период. Ако така го замислуваат помирувањето, помирување нема да има, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

„Многу интересно зошто сега СДСМ го иницира ова помирување, првпат зборуваат за помирување. Според нашите сознанија, првпат го кажувам ова во јавност, идејата за помирувањето дошла по завршувањето на претседателските избори, затоа што е извесно дека ќе ги изгубат следните парламентарни избори и помирувањето го замислуваат на начин што сакаат да испреговараат со ВМРО-ДПМНЕ амнестија за Зоран Заев, неговото семејство и останатите во однос на гонење по криминалите што ги имаат правено во изминатиот период. Ако така го замислуваат помирувањето, помирување нема да има“, истакна Николовски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток