Свет

Тлото не престанува да се тресе, по Албанија земјотрес и во Турција

Силен земјотрес од 5 степени денеска ја потресе Турција, а засега нема податоци за штети или повредени.

Вчера силен земјотрес од 5,3 степени ја потресе Албанија, а со јачина од 4 степени се почувствува и во Македонија, во Охрид, Ресен и Стругга.

Инаку Министертвото за одбрана на Албанија претпладнево го соопшти билансот на последиците од серијата земјотреси што го погодија округот на Корча.

– Евидентирани се 184 оштетени куќи, од нив 60 отсто ненаселени. Со полесни повреди се здобиле четири лица, кои по дадената здравствена услуга се пуштени дома. Поради големи оштетувања на нивните домови 230 лица, од нив 160 во Флоќ, 40 во Видово и 30 во Ќафзе, се сместени во колективни шатори подигнати од Штабот за цивилна заштита и армијата. Жителите од настраданите подрачја се обезбедени со храна и вода за пиење, стои во соопштението на министерството.

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток