Македонија

СДСМ:Советите на Мицкоски за Груевски оставија трајни последици и штети врз граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да се помири со најпозитивниот Извештај од Европската Комисија и безусловната препорака за почеток на преговорите со ЕУ . Наместо да се израдува на успехот на татковината, наместо да честита за реформите стара плоча во ВМРО-ДПМНЕ измислици и конструкции, се вели во соопштението од СДСМ.

Граѓаните добро знаат дека „заробена држава“ создаде Никола Груевски чив советник беше токму Христијан Мицкоски Од заробена држава кога Мицкоски го советуваше Груевски, до светол пример за само 2 години е огромна разлика, неспоредливо.

Згора на се, погубните совети на Мицкоски ја чинеа државата над два милиони денари.  Додека Мицкоски го советуваше Груевски за енергетика, беше укината евтината дневна тарифа на струјата, цената на електричната енергија поскапе за 100 отсто, а државата беше целосно зависна од увоз на скапа електрична енергија.

Како награда за тоа што го урниса енергетскиот систем, од Владата на Груевски, Мицкоски добива и државно земјиште за неговиот бизнис со хидроцентрали. Додека државата беше заглавена во калта, презадолжена, изолирана, а граѓаните тонеа во сиромаштија Мицкоски си тераше бизниси и мислеше на хидроцентралите.

Граѓаните, се уште ги чувствуваат последиците од советите на Мицкоски, еден од над 90 советници на Никола Груевски. За разлика од времето кога бројот, имињата и надоместоците на советниците на Никола Груевски и Емил Димитриев беа криени од граѓаните, денес јавноста е целосно запознаена со сите информации за советниците во кабинетот на премиерот Зоран Заев.

Денес, сите ангажирани советници на премиерот се ставени во функција на реализација на програмските определби што се во интерес на граѓаните и ја движат државата напред кон целосна интеграција во ЕУ и НАТО, се вели во соопштението од СДСМ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток