Македонија

Димовски: Слабостите на претходната власт не ги покриваат слабостите на оваа власт

Илија Димовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување на 1ТВ, истакна дека и претходната власт грешела, но дека и сегашната имала двојни стандарди.

-Дека претходната имаше за што да се критикува, имаше. Дека претходната власт згреши што веднаш не распиша избори кога почна скандалот со прислушувањето, згреши. Дека претходната власт требаше да има поголем осет за критичноста од општеството, исто така. Но слабостите на претходната власт не ги покриваат слабостите на оваа власт. Ние повеќе не можеме да прифатиме дебата со реченицата „еее ама ВМРО-ДПМНЕ какви беа или ај ВМРО сега ќе го вратиме“.

Оваа власт дојде со ветување дека правосудниот систем ќе функционира исто за сите, дека државниот систем ќе функционира исто за сите. И сега имате ситуација кога оваа држава не може да се справи шест месеци со некоја дива платформа во Матка. Кога врз нелегално прислушувани материјали имате судски пресуди, а од друга страна имате разговори за кои државаtа вели, ааа овие не се легимни. Имате двојни стандарди, рече Димовски во вечерашното гостување во 1ТВ.

Тој одговори и на прашањето дали би го поништиле Преспанскиот договор.

-Во првиот историски момент кој ќе се создаде, а кој за жал нема да биде за две или три години, треба да го има во глава моментот или да го пренесе на наредната генерација, дека оваа неправда треба да се исправи, рече Димовски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток