Македонија

Кавга во Бундестагот за пристапувањето на Македонија во ЕУ , приврзаниците на Меркел сметаат дека ова прашање треба да оди во пакет со Албанија

Дебатата за членството во НАТО во германскиот Бундестаг, се претвори во жестока кавга меѓу власта и опозицијата околу датумот за членство на Македонија во Европската Унија.

Германски пратеник од партијата на Зелените упати директни критики до канцеларката Ангела Меркел, обвинувајќи ја дека таа е главен кочничар за перспективата на Македонија во ЕУ.

-Желбата на граѓаните на Северна Македонија не беше само да се биде дел од НАТО, туку и дел од обединета Европа. Мојот сомнеж е дека Канцеларката Меркел и ЦДУ сакаат да ја одложуваат дебатата на оваа тема сѐ додека Нова Демократија не дојде на власт во Грција за да ја блокира Северна Македонија во ЕУ. Зошто Владата досега не се стави ова прашање пред Бундестагот? Досега ќе расправавме и ќе имавме согласност пред Европскиот совет, изјави Јирген Тритин, пратеник на Зелените

Кристијан Шмит, пак пратеник од партијата на Меркел ЦДУ вели дека земјите од Западен балкан се  стратешки интерес на Германија и наскоро ќе разговараат за почетокот на преговорите.

-Северна Македонија е упориште на мирот на Балканот. Земјите од Западен балкан се  стратешки интерес на Германија и наскоро ќе разговараме за почетокот на преговорите.   Сметам дека Северна Македонија и Албанија треба во пакет да ги започнат преговорите, иако Албанија во моментов се соочува со „одредени проблеми“-рекол тој.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток