Свет

Стјуардеса и нејзината девојка претепани – одбивале да се бакнат за ќејф на група мажи

Стјуардеса и нејзината девојка претепани, откако повеќе мажи ги нападнале бидејќи не сакале да се бакнат за нивни ќеф, пренесува „Метро“.

Дваесет и осумгодишната Меланија опишала дека млади мажи забележале дека тие се двојка, па почнале да бараат да се бакнат пред нив додека правеле сексуални гестови.

– Сакаа да се бакниме додека гледаат во нас. Се обидов да ја смирам ситуацијата бидејќи не сум личност што сака конфликти, им кажав да не остават на мир бидејќи Крис не се чувствува добро – рекла Меланија.

Мажите, на возраст од 20 до 30 години, почнале да фрлаат со разни работи кон нив, а Меланија и нејзината девојка повторно побарале да бидат оставени на мир.

Напаѓачите не само што ги нападнале, ами и ги ограбиле.

Полицијата потврдила дека е покрената истрага за нападот.

 

На почеток