Македонија

Возачот на мопедот почина во сообраќајна несреќа

На 07.06.2019 во 23,35 часот било пријавено дека на автопатот Свети Николе -Штип кај с.Криви Дол се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „Мерцедес E-320“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(47) од Штип, мопед скутер “Хамаши-50“ без регистарски ознаки, управуван од К.К.(31) од Велес, патничко моторно возило „Ауди A-4“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.К.(51) од Штип, и патничко моторно возило “Опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(28) од с.Соколарци о.Чешиново-Облешево. Возачот на мопедот починал на местото на настанот.

Возачот и сопатниците од возилото „Мерцедес“, М.Ј.(45) и две лица на возраст 15 и 13 години се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Клиничката болница-Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Штип.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток