Видео и Фото

(ВИДЕО) 28 лица повредени при несреќа во забавен парк во Шпанија

Најмалку 28 лица, повеќето од нив деца, беа повредени денеска во несреќа во забавниот парк Сан Хозе де ла Ринконада во близина на Севиља, соопштија шпанските власти.

Според тамошните медиуми, вртелешката во паркот пукнала и се распарчила на два дела, пренесе агенцијата АП.

„Дејли мејл“ пренесе изјави на очевидци според кои целиот настан потсетувал на сцени од хорор филм, откако се распарчил системот за поддршка на вртелешката, по што оние кои биле на неа паднале на земја, приклештени од големата метална конструкција.

Општинските служби за итни случаи во Севилја објавија дека девет повредени биле пренесени во локалните болници.

Според градскиот совет на Ла Ринконада, вртелешката како реквизит во забавниот парк претходно минала низ безбедносна инспекција.

Во мометов, локалните власти ја испитуваат причината за дефектот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток