Македонија

(ФОТО) „DMC Balkans Travel & Events“, прогласена за најдобар тур оператор на „World Travel Awards“

Агенција „DMC Balkans Travel & Events“, на Меѓународната туристичка манифестација „World Travel Awards 2019“,  што се одржа на 8 јуни на островот „Мадеира“, е прогласена за најдобар тур оператор.

Филип Стефаноски со тимот од туроператорот DMC Balkans кои  работат  на рецептивен туризам, уште еднаш покажаа дека „DMC Balkans Travel & Events“, точно знаат што му треба на Охрид и како да го претстави нашиот град. Ова е второ признание од глобалната манифестација „World Travel Awards“, што значи дека „DMC Balkans Travel & Events“, станува препознатилива агенција во светски рамки со докажан квалитет и реализација на ветувањата за туристите во целост.

Инаку „World Travel Awards“веќе 26 години ги идентификува најдобрите претставници од областа на туризмот и го наградува нивниот квалитет и успех во работењето.

Стефановски вели дека Туризмот во Охрид мора драстично да се развива бидејќи овие изминати години немаше некој посебен напредок. Мора да се посвети внимание да доаѓаат гости со поголем квалитет, од пазари кои се добро развиени. Но, за да донесеме такви гости треба да инвестираме во туризмот, вели тој.

„DMC Balkans Travel & Events“главно работи на културен туризам. Гостите кои ги носат од Турција, Азија, Централна и Источна Европа ги интересира културниот туризам. Тие се дел од кружни тури и најчесто престојуваат два до три дена. Главната идеја е како да ги задржиме повеќе денови во Охрид, вели Стефаноски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток