Македонија

Груби за одложувањето на дебатата за пописот: Не обезбедивме претставник од ЕУ

Собраниската комисија за европски прашања на која денеска требаше да биде разгледан Предлог-законот за попис на населнието, домаќинствата и становите 2020 година, е откажана.

Оваа комисија утринава е тргната од дневните активности на веб страницата на Собранието. Во политичките кругови се шпекулира дека одложувањето на седницата е за да не се креваат тензии пред посетата на премиерот Зоран Заев на Берлин, поради лобирање за добивање на датум за почеток на прегоорите со ЕУ овој или наредниот месец.

Вчера, ВМРО-ДПМНЕ реагираше за овој Предлог-закон и начинот на којшто тој треба да биде донесен. Според партијата, власта се обидува во брза собраниска процедура да протне законски текст без јавна дебата на која ќе бидат пренесени и ставовите на опозицијата и на граѓаните.

Претседателот на Комисијата за европски прашања пак вели дека  денешната седница е одложена бидејќи за првата точка од дненвиот ред, а тоа е разгледување на извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава, не обезбедиле претставник од мисијата на ЕУ.

-Комисијата ја закажавме во петокот попладне, времето беше кусо и за жал не успеавме да осигураме претсавник од мисијата на ЕУ ниту да ги поканиме допломатскиот кор, невладините и други гости – вели Груби.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток