чет. Окт 17th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Тепачка во советот на општина Охрид, Нефи Усеини го нападнал Џелал Мена поради тоа што не сакал да гласа по негов ќејф

Советникот од БЕСА.  Џалал Мена тврди дека советникот Нефи Усеини физички го напднал бидејќи не гласал како што сакал Усеини. Мена го пријавил случајот во СВР Охрид, а во моемнтов е во општата болница каде што врши прегледи.

„Јас не сакав да гласам по точката и советникот Нефи Усеини во присуство на сите советници, градоначалникот и целата јавност во салата во општина Охрид ми се нафрли и почна да ме тепа, по што другите не делеа, тврди за Скопје 1 советникот од Беса, Џелал Мена.

Тој вели дека е изненаден од оваа појава во советот и дека од сега ќе бара советниците да бидат физички обезбедувани за да не бидат со сила принудувани да гласаат против својата воља.

Градоначалникот не сакаше да го коментира настанот. Само кажа дека ќе остави институциите да го расветлат ово случај.

Советникот пак Нефи Усеини, не успеавме да го добиеме.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close