Правда

Уапсен државен секретар во МИОА Јахи Јахија, одреден му е 30 дневен притвор

Осомничениот Јахи Јахиу, кого Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го осомничи дека зел поткуп за да намести фирма да добие европски пари, заврши во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

Доверливи тендерски информации државниот секретар во министерството за информатичко општество Јахи Јахја ги наплатил речиси 38 000 евра. Пред да биде доделен ИПА проект вреден 1,2 милиони евра Јахја и уште една колешка – раководителка, детално ги информирале заинтересираните фирми кои потоа го добиле тендерот, велат од обвинителството.

Инаку, Јахи Јахија е кадар на ДУИ. Според информациите на обвинителството, тој веќе бил осудуван. Раководителката која земала мито од 2500 евра, моментално не е во земјава.

 

Најчитани

To Top
Close