Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми и особено во планинските региони на северот ќе има локална нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. УВ=9
За утре метеоролозите најавуваат сончево време со мала до умерена облачност, попладне со појава на изолирана нестабилност со локален пороен дожд и грмежи. УВ=8 Во Скопје, попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност.