чет. Окт 17th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Паркинг во строгиот центар на Охрид од понеделник 100 денари за 1 час

Охриѓани и гостите доколку сакаат да се паркираат на потегот од поштата до кружниот тек на градскиот плоштад ќе плаќаат двојно поскапо од досега. За претстојната сезона има промени во однос на зоните А и Б, а се воведува и премиум зоната што се протега од објектот на Македонска пошта и кај кружниот тек, каде паркирањето ќе чини 100 денари.

Целта на општинските власти е да го дестимулира движењето на возила во центарот на градот. Овие  зафати како што велат од локлната се прават според препораките на УНЕСКО за редуцирање на сообраќајот во Стар град.

Инаку деновиве завршува поставувањето на рампите кон влезовите во стариот дел од градот, а утре ќе биде објавен и повикот за реевиденција на картичките кои ќе ги користат жителите на овој дел од градот кои, за разлика од останатите, ќе можат непречено да се движат.

Опозицијата во советот реагира на ваквите измени, потенцирајќи дека затворањето со рампи на Стар град ќе значи правење на еден вид гето во дел од градот каде најголем дел од луѓето се занимаваат со туризам.

Има уште една измена за оваа сезона. А таа се однесува на движењето и паркирањето на автобусите. Согласно донесената одлука на Советот на Општина Охрид за измена на режимот на сообраќај, автобусите симнувањето и качувањето на туристите, организираните групи, ќе го вршат на ул. Кузман Јосифоски Питу од почетокот па се до пресекот со ул. Партизанска (Универзитет Апостол Павле), додека паркирањето на автобусите ќе биде единствено можно на паркинг просторот позади спортската сала “Билјанини Извори”.

Напоменуваме дека на секое друго место каде ќе биде затекнат паркиран автобус истиот од страна на полицијата ќе биде казнуван согласно законот за неправилно паркирање.

Цената на паркинг за 12 часа ќе изнесува 300 денари, а од 12-24 часа 600 денари.

 

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close