чет. Окт 17th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Мијалков: Постоеше можност за прислушувањето од мобилна опрема, надвор од УБК

На денешното рочиште за „Таргет и Тврдина“, обвинетиот Сашо Мијалков се обидуваше да го дискредитира сведокот Звонко Костовски, кој ја откри аферата за масовното нелегално прислушување во УБК.

Обвинетиот  Мијалков го потсети Костовски дека заедно присуствувале на презентација на опрема за прислушување на израелска компанија, во неговата канцеларија во УБК. Тогаш и двајцата виделе дека со оваа опрема, која била мобилна, во ист момент се следат комуникации на 30 корисници. Мијалков тврди дека опремата по случаен избор ги одбира броевите од најблиската базна станица. На ова Костовски одговори дека при ваквото прислушување јасно се слуша разговорот на едниот соговорник, односно оној кој е во близина на базната станица, а другиот соговорник се слуша лошо, а некогаш и воопшто.

Мијалков не се откажуваше од тезата, дека било можно нелегално да се прислушува и надвор од УБК, па рече дека добиле извештај од израелската компанија дека во Скопје во тој момент на терен работеле вакви уреди, односно дека некој друг нелегално прислушувал.

 

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close