Свет

Диви свињи го опседнaa Белград (ВИДЕО)

Како што за Блиц вели претседателот на Ловечкото здружение на белград Зоран Коциќ, дивите свињи кои се појавија во Белград се многу уплашени, но не се опасни за луѓето.

„Само во ситуации кога вепарот е ранет и кога женката ги чува своите прасиња може да дојде до евентуална опасност по луѓето, во останатите случаи не“, кажа Коциќ за Блиц.

Најмногу диви свињи во последните денови се видени во центарот на Нови Београд, едно животно вчера паднало од петтиот спрат на гаража на Обилиќев венац, а вчера била фотографирана една дива свиња во самиот центар на градот, на Калемегдан.

Се претпоставува дека свињите поради високото ниво на водата во Дунав кој поплавил еден остров во близина избегале на другата, градската страна.

Најчитани

To Top
Close