пон. Сеп 16th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Убиениот полубрат на Ким Џонг Ун бил доушник на ЦИА, тврди Wall Street Journal

Ким Џонг Нам, полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој беше убиен во Малезија во 2017 година, бил доушник на Централната служба за разузнавање на САД (ЦИА), објави Wall Street Journal.

Весникот цитираше анонимен извор (добро запознаен со ситуацијата“ и додава дека бројни детали за односот меѓу Кин Џонг Нам и ЦИА остануваат нејасни.

Новинската агенција Reuters не можеше независно да ги потврди информациите од анонимниот извор, а ЦИА одби да ја коментира објавата.

Journal ја цитира личноста која тврди дека „имало поврзаност“ меѓу Службата и Ким Џонг Нам.

Неколку поранешни американски државници изјавија дека полубратот на лидерот, кој со години живееше надвор од Северна Кореја и не бил запознаен со структурите на власт во Пјонгјанг, најверојатно не бил во состојба да пружа детаи за „внатрешните структури на моќ“ во таинствената комунистичка земја.

Поранешни државници исто така тврдат дека Ким Џон Нам речиси сигурно бил во контакт со безбедносни служби на други земји, пред сѐ Кина, пишува Journal.

Улогата на Ким Џонг Нам како доушник на ЦИА се спомнува и во новата книга за Ким Џонг Ун „Големиот наследник“ на новинарката на Washington Post Ана Фифилд што треба да биде објавена денес.

Фифилд наведува дека Ким Џонг Нам обично се состанувал со извори во Сингапур и во Малезија, објави Reuters.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close