чет. Окт 17th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Виктор Димовски назначен за за директор на Агенцијата за национална безбедност, прифатена и оставката на Ѓоко Котевски

Владата на редовната 139-та седница за директор на Агенцијата за национална безбедност го назначи Виктор Димовски, досегашен државен секретар во Министерството за надворешни работи.

Истовремено, Владата ја констатираше оставката на директорот на истражниот затвор – Скопје, Ѓоко Котевски. На предлог на Управата за извршување санкции, за в.д. директор на оваа институција е назначен Есад Рахиќ, магистер по безбедносни науки и поранешен претседател на Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата на разузнавање, како и поранешен претседател на Комитетот за Одбрана и безбедност при Собранието на Република Северна Македонија.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close