Македонија

Патниците месечно пријавувале по милион евра за влез во државава

Царинската управа лани спречила 32 обиди на шверц на девизи кои граѓаните се обиделе нелегално да ги изнесат од државава.За истиот период лани на граничните премини во земјава пријавени пак се вкупно парични средства во противвредност на скоро 12 милиони евра. Тоа значи дека легало месечно на граница се внесувамепо еден милион евра.

Во Годишниот извештај на Царинската управа стои дека најмногу се шверцувале евра и тоа над 300.000 евра. Дел од парите се најдени во личен багаж, во автомобил во специјални прегради, но и скриени во облеката во која патувале.

-За една година граѓаните се обиделе од државава нелегално да изнесат 308.730 евра, 31.500
американски долари, 32.300 швајцарски франци и 13.000 британски фунти. На граничниот премин Богородица, при личен претрес на патничка во автомобил, пријавен за излез од државата, царинските службеници открија непријавени 34.000 евра, пронајдени во плик сместен во ташната на патничката-стои во извештајот. На граничниот премин Богородица, при контрола на автомобил и личен претрес на возачот, пријавен за влез во државата, откриени се непријавени 7.300 евра. Истите се пронајдени во преграда помеѓу предните седишта на возилото и во облеката на возачот.
На граничниот премин Табановце при влез во државата откриени се и одземени 35.000 евра.
На граничниот премин Меѓународен Аеродром Скопје, при контрола на багаж и личен претрес на
македонски државјанин пријавен за излез од државата, откриени се непријавени 82.000 евра.
Лани на граничните премини во Република Македонија, легално пријавени се вкупно парични средства во противвредност на 11.996.059 евра, од кои 11.982.059 на влез во Република Македонија и 14.000 на излез од Република Македонија. Во просек се пријавени по 999.672 евра месечно.
Од вкупно пријавените девизи 171.492.145 се македонски денари, 7.013.226 се евра, 1.794.540 се швајцарски франци, 700.000 се норвешки круни, 512.103 се американски долари, 139.050 се канадски долари, 116.000 се австралиски долари, 18.600 се турски лири и 13.000 се британски фунти.
Во однос на царинските испостави, најмногу девизни средства се пријавени на ЦИ Аеродром Скопје (противвредност на 3.408.410 евра), ЦИ Богородица (противвредност на 2.681.820 евра), ЦИ Табановце автопат (противвредност на 2.111.608 евра), ЦИ Дојран (противвредност на 1.731.340 евра) и ЦИ Блаце (противвредност на 1.296.750 евра). Во 2018 година пријавени се за 33,19% повеќе девизи во однос на истиот период во 2017 година.
извор 24info.mk

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток