Uncategorized

При преглед на патничко возило „Мерцедес“ со албански национални ознаки пронајдени два килограми марихуана

На 11.06.2019 година околу 23.10 часот, на регионалниот пат Дебар –
Маврови Анови, полициски службеници од Полициската станица за
граничен надзор „Жировница“ ги лишиле од слобода Е.Л.(18) и Е.Ч.(33),
двајцата од Република Албанија. При преглед на патничко возило
„Мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Е.Л., бил
пронајден и одземен ранец со околу два килограми марихуана. Двајцата
биле задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.

Најчитани

To Top
Close