Македонија

Во Охрид паркингот поскап отколку во Палермо

Не стивнуваат реакциите од граѓаните по двојното поскапување на паркингот во центарот на Охрид. За претстојната сезона има промени во однос на зоните А и Б, а се воведува и премиум зоната што се протега од објектот на Македонска пошта и кај кружниот тек, каде паркирањето ќе чини 100 денари.

По ова поскапување, паркингот во центарот на Охрид станува поскап спрема паркинг во центарот на Пелермо, Италија.  За 1 час таму плаќате 1 евро, или 60 денари, а во Охрид доколку го оставите автомобилот за истото време ќе ве чини 100 денари.

Потсетуваме дека Целта на општинските власти е да го дестимулира движењето на возила во центарот на градот. Овие  зафати како што велат од локалната се прават според препораките на УНЕСКО за редуцирање на сообраќајот во Стар град.

Инаку деновиве завршува поставувањето на рампите кон влезовите во стариот дел од градот, по што ќе биде објавен и повикот за реевиденција на картичките кои ќе ги користат жителите на овој дел од градот кои, за разлика од останатите, ќе можат непречено да се движат.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток