Република

(ВИДЕО) Семејство од Скопје загина во сообраќајна несреќа во Италија, преживеало само бебето

Ебубекир Сулејмани и нејзината сопруга Егзона Максути, кои имале 24 години,  го загубиле животот  во сообраќајка на лице место на автопат во Италија, додека шестмесечното бебе кое било на задното седиште, останало живо, пренесува Журнал.

Несреќата се случила на автопатот Пјаченца – Торино, кога автомобилот со скопски регистарски таблички удрил во задниот дел на камион кој се наоѓал на делот за одмор од автопатот.

Парот живеел во Лион, Франција, а во Италија биле на одмор. Несреќата се случила кога се враќале кон Франција.

Според италијанската полиција, причина за несреќата била премореноста на возачот.

 

Најчитани

To Top
Close