чет. Окт 17th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Трагедија: Се удави 14- годишно девојче во базенот Довлеџик во Битола

14- годишно девојче се удави во  базенот Довлеџик во Битола, кој оваа сезона не е отворен за посетители.  Несреќата се случи денеска на пладне,  а битолската полиција го потврди настанот, без да соопштат други детали. Базенот Довлеџик е во сопственост на ЈП „Стрежево“ но под концесија бил издаден во 2017 година на фирма од Битола.

Од Клиничката Болница во Битола велат дека девојче на возраст од околу 13 до 14 години било донесено на Ургентното Одделение во безживотна состојба без никакви знаци на живот, после пад во базен во Битола.

Од битолската болница велат дека девојчето во урегнетното одделение е донесено без знаци на живот, а безуспешни биле обидите на лекарите за негова реанимација.

 

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close